Огнен и Марина се младенците на Галичката свадба

Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули. За зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска.

Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи коишто се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот и други.

Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден. Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.

Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот