Огнен Амиџиќ на 28 години од убиството на неговиот татко: „Веќе не се надевам дека ќе ги најдат убијците“ (ФОТО)

Фото: Никола Томиќ, РТС

На денешен ден пред 28 години на 9 октомври, 1991 година во Банија – Хрватска на свиреп начин беше убиен Зоран Амиџиќ, како и тројца негови колеги – дописници од градот Шабац за РТС.

На Огнен Амиџиќ (44) и неговото семејство веста им ја соопштиле двајца полицајци без никакви детали за убиството. Медиумите тогаш пишуваа и вршеле притисок на државните органи со цел да се обелодени под кои околности загинале нивните колеги.

Фото: Курир.рс

Меѓутоа, точни информации како настрадале четворицата новинари нема до ден-денеска.

– На денешен ден секогаш идеме на гроб, секогаш се собира семејството и пријателите. Еве, веќе 28 години доаѓаме и сите и ни стана како традиција. Секој ден се присетувам на тој ден. Ова е само ден кога ние се собираме и некако заедно ќе ја поделиме тагата која е во нас толку години. Многу ми е тешко да зборувам за тие работи, некои работи поминуваат, некои не, некои добиваат поинаков облик, меѓутоа секогаш во нас ќе остане голема болка и лутина – изјавил познатиот водител.

На прашање околу расветлувањето на убиството, Огнен признава дека повеќе не се надева дека ќе откријат кој го направил тоа.

– И понатаму не се знае кој го сторил тоа и мислам дека веќе не е возможно да бидат најдени истите. Сепак, помина толку време, искрено не се надевам – изјавил Амиџиќ за српски „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот