Оглас за работна позиција – директор на Регионална школа за јавна администрација (ReSPA)

Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) распишува конкурс за работна позиција – директор.

ReSPA е регионална организација со седиште во Даниловград, Црна Гора, основана во 2010 год. како заедничка иницијатива финансирана од членови на ReSPA и Европската комисија.

Директорот ќе раководи со Секретаријатот на ReSPA и ќе биде задолжен да овозможи редовно и ефикасно функционирање на ReSPA. Директорот ќе биде одговорен за стратешко управување со ReSPA, како и за стратешко и оперативно работење на организацијата.

Огласот за отворената работна позиција и придружните документи се објавени на веб-страницата на ReSPA (https://www.respaweb.eu/), во категоријата „Тендери и слободни работни места“, поткатегорија „Слободни работни места”.

Ако сте заинтересирани да конкурирате за работното место и ги исполнувате критериумите наведени во огласот, испратете ја вашата пријава со сите потребни документи по е-пошта на [email protected]. Рокот за прием на пријавите е до 27 октомври 2021 на полноќ (централно европско време).


Комерциајлен ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот