ОФИЦИЈАЛНО: Започнува кампањата за претседателските избори во Хрватска

Кампањата за претседателски избори официјално почнува денеска во Хрватска, откако Државната изборна комисија напладне ќе го објави списокот со кандидати. Претседателските избори во Хрватска се закажани за 22 декември.

Потписи за поддршка беа поднесени од 12 кандидати, а Слободан Миџиќ, кој поднесе само еден потпис за поддршка до ДИК (само својот потпис), наместо 10.000, нема да биде во трката.

Другите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Ѓапиќ и Недеjко Бабиќ.

Иако кампањата официјално започнува денеска, таа практично трае од летото оваа година, а според Јутарњи лист, најмногу пари во таа цел троши сегашната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот