Официјално закажана промоцијата на Елмас (ФОТО)

sscnapoli.it

Како што пренесуваат италијанските медиуми, во 16.30 часот Елмас треба да биде и официјално промовиран пред јавноста со дресот на својот нов клуб, италијанскиот вицешампион.

Прес конференција во Димаро каде што повеќе ќе каже за себе пред медиумите и трансферот кој го направи летово на „Сан Паоло“.

Нашиот играч веќе го имаше и дебито во составот на славниот тренер Карло Анчелоти.

Во четвртокот мораше под итно да оди во Рим да ги реши и бирократските проблеми поврзани со неговиот пасош за да може со тимот да патува ширум Европа и САД каде што ќе се играат пријателски натпревари преку кои се темпира формата за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот