Официјално: Забрането ракувањето во Премиер лигата!

фото: твитер

Коронавирусот се шири преку капки од носот и устата и може да се прошири на рацете и со тоа да се пренесе на другите преку ракување.

Денеска и официјална потврда од првите луѓе на Премиер лигата, ракувањето меѓу играчите ќе биде забрането до понатамошно известување!

Оваa одлука e донесена заради актуелниот страв од ширење на коронавирус.

– Премиерлигашкото фер-плеј ракување повеќе нема да биде практика помеѓу играчите и судиите од овој викенд наваму, па сè до понатамошно известување на основа на советите на медицинската професија – се вели во соопштението на Премиер лигата.

Коронавирусот се шири преку капки од носот и устата и може да се прошири на рацете и со тоа да се пренесе на другите преку ракување.

– Играчите и судиите и натаму ќе го имаат традиционално излегување на теренот и вообичаениот протокол пред секој натпревар. По влегувањето на теренот, двата тима ќе продолжат да бидат придружени со официјалната музика во Премиер лигата, а потоа домашните фудбалери ќе минат покрај своите противници без да се ракуваат – велат првите луѓе на Премиер лигата.

Во сабота се закажани мечевите Ливерпул-Борнмут, Арсенал-Вест Хем, Кристал Палас-Ватфорд, Шефилд Веднздеј-Норич, Саутемптон-Њукасл, Вулверхемптон-Брајтон, Барнли-Тотенхем, а в недела Челзи-Евертон и градското дерби Манчестер јунајтед-Манчестер сити.

Натпреварите во поединечни лиги се играат без присуство на публика, а Премиер лигата сè уште нема план да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот