Официјално: Унаи Емери го напушти Арсенал

twitter.com/ChannelNewsAsia

Денеска соопшти клубот дека Унаи Емери не е повеќе менаџер на „топчиите“ и дека привремено решение ќе биде шведската легенда Фреди Љунгберг.

Лондонскиот премиерлигаш моментно е во потрага по нов менаџер и наскоро ќе ја информира јавноста за новиот шеф на клупата.

Самите лоши резултати и перформанси се причина за заминувањето на Емери на кој му се заблагодари клубот и му посакува успех во иднина.

Додека не се пронајде вистинското решение, Љунгберг ќе ја води екипата на дуелот против Норич. Швеѓанецот го водеше претходно У23 тимот на Арсенал, а беше и асистент во бундеслигашот Волфсбург.

Како играч на Арсенал од 1998 до 2007 година имаше 216 натпревари и 46 голови, со две премиерлигашки титули, три трофеи во ФА Купот, а еден во ФА Комјунити Шилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот