Официјално: Сташ Скубе ќе го напушти Вардар! (ФОТО)

facebook.com/rkvardar

Словенецот, кој беше една од клучните алки минатата година во освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите гордо ќе се раздели со „црвено-црните“.

Денеска плејмејкерот на својот Инстаграм профил потврди дека ова лето ќе го напушти актуелниот европски ракометен шампион Вардар.

Словенецот, кој беше една од клучните алки минатата година во освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите гордо ќе се раздели со „црвено-црните“.

Во овој период спортистите, ракометарите се наоѓаат во карантин, домашна изолација поради пандемијата на коронавирусот, а освен тоа свесни се и играчите на македонскиот првак поради финансиските проблеми во клубот и платите кои доцнат.

– Има само неколку добри спомени, но имаше многу повеќе од ова! Јас сум толку горд што го носев две години дресот на ВАРДАР и екстремно горд што направивме во последниот период! Се разбира дека освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, навивачи и луѓе кои нè поддржуваат во добри и лоши времиња! Му посакувам сè најдобро на ВАРДАР и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото што го заслужува!

Ќе го напуштам Скопје ова лето, но сигурен сум дека повторно ќе се видиме. Вистинската љубов има навика да се врати! – напиша Скубе на Инстаграм.

Од претходно е познато дека ова лето Вардар ќе го напуштат уште Калифа Гедбан (Адемар Леон) и Данил Шишкарев (Веспрем), а се шпекулира заминување и на повредениот Кристиан Дисингер, Домен Сикошек Пелко и Жозе Толедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот