Официјално: Советот изгласа, Битола го доби Еурофарм Пелистер! – Слободен печат
РакометСпорт

Официјално: Советот изгласа, Битола го доби Еурофарм Пелистер!

Заедничкиот буџет на двете битолски екипи ќе изнесува околу еден милион евра...

Денеска на вонредна седница Советот на Општина Битола го изгласа договорот на акциите за ракометниот клуб Пелистер од страна на компанијата Еурофарм.

Се најавуваше од претходно оваа фузија на двата битолски тима, Еурофарм Работник и Пелистер. Новиот клуб ќе се игра Еурофарм Пелистер (воглавно составен од Еурофарм Работник), а вториот тим, односно Пелистер ќе се вика Еурофарм Пелистер 2.

Наскоро треба да биде потпишан договорот помеѓу градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и луѓето од компанијата Еурофарм.

Заедничкиот буџет на двете битолски екипи ќе изнесува околу еден милион евра, а бојата на дресовите нема да се менува од оваа сезона.

Од наредната година покрај „сино-белата“ комбинација, екипата ќе игра и во „зелено-бела“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close