Официјално: Шиков нов играч на ГФК Тиквеш

facebook.com/gordostnakavadarci

Поранешниот репрезентативен бек Шиков говореше екслузивно за „Слободен печат“ и најавуваше дека е блиску до трансфер во својот матичен клуб.

– Сега и официјално. Ванче Шиков во следната сезона се враќа дома во матичниот ГФК Тиквеш. Добродојде Ванче Шиков – потврдија од клубот.

И по 18 години Кавадарци сè уште нема прволигаш, малку недостасуваше преку баражот фудбалерите на Тиквеш да ја остварат целта.

Но, сега со Шиков во одбраната амбициите сигурно остануваат високи, во обид да обезбеди учество во најквалитетната македонска фудбалска лига.

Шиков ја започна професионалната кариера токму во Тиквеш во периодот од 2002 до 2003 година. За сениорскиот репрезентативен дрес имаше вкупно 56 натпревари со четири постигнати голови.

Претходно клубот летово ги ангажираше уште Лазар Пеев, Благојче Иванов и Димитар Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот