Официјално: Седлоски е новиот тренер на ФК Шкупи

Фото: fcshkupi

Денеска прволигашот од Чаир го промовираше својот нов тренер, Гоце Седлоски, поранешен македонски репрезентативец.

После неколку дена преговори, Фудбалскиот клуб Шкупи договори соработка со 47-годишниот стратег кој треба да го води клубот кон нови успеси.

Во тренерската кариера ги водеше Турново, Вардар, летонската Рига, босанскиот Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб од Хрватска..

Седлоски потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.

Во стручниот штаб ќе соработува со Енес Ќаили, Тони Мегленски, Павел Неделковски и Матија Мирков.

Моментно Шкендија во шампионатот е на второто место со 49 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот