Официјално, Сари нов тренер на Јувентус

Веста ја потврди и италијанскиот шампион, Маурицио Сари е новиот тренер на Јувентус. Иако од поодамна беше познато дека Сари ќе биде нов тренер на „старата дама„ се чекаше зелено светло да даде Челси.  „Сините“ не сакаа да го пуштат Маурицио Сари без да најдат негова замена на клупата за наредната сезона, но на крајот се согласија да му дозволат на Италијанецот да се врати во татковината.

Маурицио Сари само една сезона го предводеше Челси и успеа да триумфира во Лигата на Европа, играше во финалето на англискиот Лига Куп и го освои третото место во Премиер лигата,но не успеа да ги освои навивачите кои не го прифатија неговиот стил на игра.

Сари потпиша тригодишен договор со Челси кој ќе му носи седум милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот