Официјално: Реал Мадрид го купи Салах! (ФОТО)

worldsportlogos.com

„Кралскиот“ клуб се засилува за долгата натпреварувачка сезона која го чека наредниот период…

Од играч на позицијата центар, Реал го има Еди Тавареш и кошаркарот кој дојде од Химки, Џордан Мики, а со оглед на тоа шред пред мадридскиот тим е навистина долга сезона, го вратија и Салах Межри.

Тунижанецот веќе играше за Реал од 2013 до 2015 година, а тогаш се пресели во Далас Маверикс каде што беше до февруари 2019 година.

Межри во Далас воглавно беше резерва и во просек играше 12 минути по натпревар за три и пол сезони, а постигна 3,4 поени по меч.

Салах исто така беше во репрезентација на Тунис кој го освои 20 место на Светското првенство во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот