Официјално: Ракометарите ќе играат на СП во Египет, Чешка се откажа

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија сепак ќе учествува на Светското првенство кое од утре ќе се одржува во Египет.

Светската ракометна федерација ја постави Македонија за прва резерва, а откако денеска Чешка и официјално го откажа настапот поради премногуте позитивни случаи на коронавирус, избраниците на селекторот Данило Брестовац, сепак ќе настапат на Мундијалот во Египет.

Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на коронавирус и резултатите беа негативни.
Македонија првиот натпревар на ракометниот Мундијал ќе го игра веќе в четврток (20.30 часот) против Шведска, а во групата се наоѓаат и уште селекциите на домаќинот Египет и Чиле со кого изминатата недела одигравме два контролни натпревари во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот