Официјално: Ракитиќ од Барселона во Севиља

фото:твитер

Како што потврдуваат од редовите на каталонскиот клуб, хрватскиот фудбалер ќе ги брани боите на Севиља воо чии бои се враќа после шест години.

Барселона му се заблагодари на Иван Ракитиќ за сета досегашна посветеност на клубот и договорено е да се пресели во екипата на Севиља. Андалузиската екипа ќе плати 1.5 милиони евра (уште девет како бонуси) за Ракитиќ кој потпиша договор на четири години, односно ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Хрватот веќе настапуваше своевремено за Севиља, во периодот од 2011-2014 имаше учинок од запиша 32 голови и 41 асистенции во 149 натпревари, а воедно во сезоната 2013/2014 со клубот дојдео до трофејот во Лига Европа.

Скоро исти бројки имаше и на „Камп Ноу“ (35 голови и 42 асистенции), но и многу повеќе трофеи, по четири во „Ла Лига“ и „Копа дел Реј“, два во шпанскиот Суперкуп и по еден во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Со хрватската репрезентација успеа да стигне до финалето на Светското првенство во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот