Официјално: Пет замени и во италијанската Серија А

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Донесена е одлуката од страна на тамошната федерација со цел да се намали бројот на повредите после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Ова правило до крајот на сезоната веќе се применува во Бундес лигата, а како што е веќе најавено истото ќе се случува и во Премиер лигата.

Сега и официјално во италијанската Серија А тренерите ќе можат да направат пет замени, наместо досегашните три.

Донесена е одлуката од страна на тамошната федерација со цел да се намали бројот на повредите после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Воедно во текот на мечевите ќе биде дозволено, како и досега, три паузи за замена на играчите.

Фудбалската сезона во Италија ќе продолжи на 12 и 13 јуни со реванш полуфиналните натпревари во Купот, додека првенството на 20 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот