ОФИЦИЈАЛНО ПАДНА ДОГОВОР: Путин и Ердоган на 22 октомври во Сочи
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 22 октомври, соопштија од канцеларијата на Ердоган.
Путин го повикал Ердоган да ја посети Русија во среда преку телефонски разговор, на кој тие го подржаа процесот на политичко решавање на ситуацијата во Сирија.
Ројтерс потсетува дека двете земји имаат војници во Сирија, каде Турција покрена офанзива против тамошните Курди, додека руските војници пружаат поддршка на сириските владини сили кои напредуваат на север.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата во Сирија со цел, како што наведува Анкара, да создаде зона долж границата на двете земји каде би се вратиле сириските бегалци, како и да ги оддалечи Курдите од својата граница, кои тие ги сметаат за терористи.
Сирија на турската офанзива гледа како акт на агресија, а потегот на Анкара наиде на осуда на голем дел од меѓународната заедница.