Официјално: Одегард од Реал на позајмица во Арсенал

Фото: EPA-EFE/Sergey Dolzhenko

Како што и се најавуваше, тоа денеска доби потврди, Мартин Одегард (22) ќе игра на позајмица во редовите на Арсенал.

Норвешкиот интернационалец кој е член на Реал Мадрид, до крајот на сезоната како позајмен ќе биде во составот на Микел Артета.

Играчот за врска во нападот ја започна својата кариера на домашно тло во Стромсгодсет, а во јануари 2015 година се пресели на „Сантјаго Бернабеу“.

Не доби веднаш шанса во првиот тим на Реал, па беше испратен на позајмица во холандските екипи на Херенвен и Витесе, како и во шпанскиот Реал Сосиедад со чија екипа успеа да стигне до финалето во „Копа дел Реј“ во текот на ланската сезона.

– Одлично е што го обезбедивме Мартин да дојде кај нас до крајот на сезоната. Мартин е секако играч кој сите многу добро го познаваме и иако е сè уште млад, веќе некое време игра на врвно ниво. Сите сме возбудени што ќе го имаме во нашите планови од сега до мај – вели менаџерот на Арсенал, Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот