Официјално: Муслиу продолжува во Унгарија

kfshkendija.com

24-годишниот одбранбен играч Муслиу се договори со унгарскиот клуб кој треба да го плати обесштетувањето на дефанзивецот на сметката на Шкендија со која му истекуваше договорот на 30 јуни 2020 година.

Со тетовските „црвено-црни“ имаше две шампионски титули и еден куп трофеј на Македонија. Имаше 62 натпревари и реализирани девет голови, девет во шампионатот и три во купот.

Во унгарската лига настапува уште еден наш репрезентативец, станува збор за Стефан Спировски кој ги брани боите на Ференцварош.

ФК Шкендија му се заблагодари на Муслиу за досегашниот придонес и му посакуваат среќа и успех во новиот клуб.

Наскоро се очекува и Унгарците да го потврдат трансферот и воедно промовираат Муслиу како нивно ново летно засилување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот