Официјално: Митревски е новиот голман на Порто

фото: твитер

Иако се поврзуваше и со трансфер во редовите на Вардар, македонскиот репрезентативец одлучи да се врати во Португалија.

Никола Митревски (34) кој досега ги бранеше боите на Еурофарм Пелистер, од следната сезона (2020/21) ќе биде играч на Порто чиј тренер е Магнус Андерсон.

Иако се поврзуваше и со трансфер во редовите на Вардар, македонскиот репрезентативец одлучи да се врати во Португалија.

На португалско тло беше дел и од Бенфика, а во клупската кариера играше уште за Пелистер, Вардар, Металург и Доброгеа Суд од Романија.

Минатата година, ја имав можноста да играм против Порто во ЕХФ купот и сега знам како одат работите во овој клуб. Многу сум среќен со овој трансфер, знам како функционира Порто. Кога ми дојде понудата, не размислував многу пред да ја прифатам – рече Митревски за клупскиот сајт.

Воедно верува дека ќе се адаптира добро и заедно со Кинтана, ќе имаат добра сезона, со многу победи и титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот