Официјално: Ливерани не е повеќе тренер на Парма!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Четири порази по ред, Парма има лоши резултати сезонава во Серија А и моментно е дури на 18 позиција со 12 бодови во опасната зона за испаѓање од лигата.

Денеска Парма официјално одлучи да го отпушти досегашниот тренер на екипата, Фабио Ливерани после вчерашниот пораз од Аталанта (3:0).

„Млекарите“ не очекуваа некој голем пресврт против одличната екипа од Аталанта, туку тоа им беше само повод да се разделат со Ливерани кој не ги исполни очекувањата оваа сезона.

Италијанските медиуми информираат дека нов стратег на клубот ќе биде Роберто Д`Аверса кој минатите четири години го водеше токму тимот од „Енио Тардини“.

– Го информиравме Ливерани дека одлучивме да ја завршиме соработката. Сакам да му изразам најдлабока благодарност на неговата напорна работа. Оваа сезона беше тешка, но во Парма има борци. Одиме напред – се зборовите на клупскиот претседател на „Твитер“, Кајл Краус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот