Официјално: Леброн и Дејвис остануваат во ЛА Лејкерс!
НБА клубот ја информираше јавноста дека двете најголеми ѕвезди кои беа најзаслужни за титулата минатата сезона и натаму ќе бидат верни на екипата.
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис и наредната сезона ќе ги бранат боите на Лос Анџелес Лејкерс и на тој начин „езерџиите“ најавуваат одбрана на трофејот.
Клубот не ги објави деталите од нивните нови договори, но потпретседателот на кошаркарските операции и генерален директор, Роб Пелинка е задоволен што двајцата играчи и натаму ќе бидат дел од ЛА Лејкерс.
– Леброн со ова продолжување на договорот го отвора неговиот пат за понатамошно зацврстување на неговото наследство како великан на сите времиња во клубот. Ентони докажа дека е еден од најкомплетните и најдоминантните играчи. Навивачите можат да гледаат како тој продолжува да расте и ја води нашата екипа. Ова е навистина благословен момент за екипата – се зборовите на Пелинка.
„Кралот“ Џејмс минатата сезона во 67 натпревари имаше просек од 25,3 поени, 10,2 асистенции, 7,8 скока и 1,2 украдена топка по меч. Дејвис во сезоната 2019/20 во 62 натпревари имаше просек од 26,1 поени, 9,3 скока, 3,2 асистенции, 2,3 блокади и 1,5 украдена топка по меч.
It's a great day in LA. @AntDavis23 ? @KingJames pic.twitter.com/U7ssOqwAgt
— Los Angeles Lakers (@Lakers) December 4, 2020