Официјално, Лампард се врати во Челси

Френк Лампард се врати во Челси, овој пат како тренер. Тој денеска и официјално е промовиран во нов менаџер на „сините“ со кои потпиша тригодишен договор.

– Многу сум горд што во Челси се враќам како главен тренер. Сите знаат за мојата љубов кон клубот, как и дека заедно ги испишавме најубавите страници во историјата, но мојот единствен фокус е подготовката на тимот за наредната сезона. Дојдов за да работам напорно, да му донесам нови успеси на Челси бидејќи не се живее од старта слава и искрено не можам да дочекам да започна со работа – изјави Лампард на промоцијата.

Тој официјалната промоција требаше да ја има вчера вечерта но поради бизарни причини беше одложена за денеска. Имено поради проблемите на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер кои не функционираа неколку часови, промоцијата се одржа денеска. Преговорите започнаа во 1.30 часот по полноќ и траеле дури до 7.30 часот сабајлево.

Френк Лампард во Челси доаѓа од редовите на Дерби Каунти кого го водеше минатата сезона но не успеа да го внесе во Премиер лигата, губејќи во бараж натпреварот од Астон Вила.

Според англиските медиуми, преговорите се оддолжија бидејќи Лампард бараше од сопственикот на Челси, Роман Абрамович, бараше гаранции дека сериозно и долгорочно смета на неговите услуги но и дека ќе добие респектабилен буџет кога ќе му истече казната на клубот. Лампард доби ветување дека нема да биде отпуштен во првите две години.

Френк Лампард е една од најголемите ѕвезди на Челси за кого настапуваше 13 години и освои вкупно 11 трофеи, вклучувајќи три титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Тој воедно е најдобар стрелец во клупската историја со постигнати 211 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот