Официјално: Крај во Франција, ПСЖ ја освои титулата

фото: твитер

Конечниот пласман на „Лига 1“ се заснова според просек на заработени бодови по одигран натпревар.

Откако пред два дена француската влада донесе одлука дека нема да се одигра фудбалската „Лига 1“ тоа денеска доби и потврда.

Се чекаше секој момент и реакција од страна на француската фудбалска федерација, како и од првите луѓе на најдобрата француска лига.

Денеска и францускиот спортски магазин „Лекип“ информираше дека федерацијата веќе донела одлука да стави крај на сезоната.

Еве сега и официјално информираат од „Лига 1“, дека ПСЖ ја освојува титулата во сезоната 2019/2020.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, париските „светци“ водеа со 68 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Марсеј.

Имајќи ги предвид донесените одлуки и изјавите донесени од Премиерот и владата, ЛФП (Професионална фудбалска лига) ја заврши сезоната 2019/20.

Управниот одбор на ЛФП донесе одлука да го објави конечниот пласман во „Лига 1“ и „Лига 2“, во согласност со правилата што веќе ги донесе француската фудбалска федерација за сите свои првенства. Конечниот пласман на „Лига 1“ се заснова според просек на освоени бодови по одигран натпревар. Во случај на израмнет просек, се земаат во предвид резултатите од меѓусебните мечеви за одделување на клубовите – пренесуваат од Професионалната фудбалска лига на Франција.

1.ПСЖ 2.52
2.Олимпик Марсеј 2.00
3.Рен 1.79
4.Лил 1.75
5.Ница 1.75
6.Ремс 1.46

ПСЖ и Олимпик Марсеј ќе играат во групите на ЛШ, Рен во квалификациите за ЛШ, Лил и Ремс во групите на Лига Европа, а Ница во квалификациите на ЛЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот