Официјално: Ковач не е повеќе тренер на Баерн

twitter.com/Bundesliga_EN

И официјално вечерва Баерн Минхен потврди дека тренерската клупа ја напушти Нико Ковач, двете страни се договорија за прекин на соработката.

Со месеци се шпекулираше заминување на хрватскиот стратег, а последниот изненадувачки висок пораз од Ајнтрахт Франкфурт (1:5) во најсилната германска лига беше причина Ковач да го напушти клубот.

Иако одредени германски медиуми информираа дека последна шанса на Хрватот ќе му бидат наредните мечеви од ЛШ, тоа нема да се случи.

Соопштено е дека претстониот дуел од Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос, фудбалерите на германскиот првак ќе ги води Ханси Флик.

Минатата сезона Ковач со Баерн ја освои „двојната круна“ и Суперкупот, додека оваа сезона претрпе три порази, од кои еден против поранешниот клуб.

Жером Боатенг и Томас Милер беа најнезадоволни од досегашната соработка со Ковач, летово си замина Матс Хумелс, но ниту со засилувањата (Ернандез, Кутињо, Павар…), Хрватот не успеа да направи моќен тим на каков што се надеваа првите луѓе на Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот