Официјално: Гасол се врати во Барселона
Шпанскиот кошаркар од денеска е нов играч на Барселона, потврди каталонскиот клуб на официјалната интернет страница, но и самиот Гасол на социјалните мрежи.
Ова значи враќање на Пау Гасол во клубот во кој ја започна професионалната кариера.
„Многу ми е мило да објавам дека се враќам дома и дека наскоро ќе бидам дел од Барселона. Сакам со своето искуство и знаење да му помогнам на тимот во најважниот дел од сезоната, додека во исто време работам на враќање во натпреварувачка форма. Среќен сум поради враќањето во клубот во кој ја започнав кариерата и сум крајно возбуден поради оваа шанса. Сакам да и заблагодарам на Барселона бидејќи ми овозможија да им се приклучам“, напиша Гасол.
Very happy to come back home.⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Força Barça! ?? pic.twitter.com/6CewIY2Bil— Pau Gasol (@paugasol) February 23, 2021
Пау Гасол професионалната кариера ја започна 1998 година токму во Барселона за која играше до 2001 година по што заминува во НБА лигата и тоа во тимот на Мемфис гризлис. Покрај Мемфис, Гасол настапуваше и за ЛА Лејкерс, Чикаго булс, Сан Антонио спарс и Милвоки бакс.
Шпанецот има и две шампионски титули (2009 и 2010 година) и тоа со екипата на ЛА Лејкерс каде заедно со Коби Брајант беа носители на играта на „езерцата“.