Официјално: Фетел потпиша за Астон Мартин

epa08287888 Sebastian Vettel of Ferrari gestures ahead of the Formula 1 Australian Grand Prix 2020 at the the Albert Park Circuit in Melbourne, Australia, 12 March 2020. EPA-EFE/MICHAEL DODGE EDITORIAL USE ONLY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, е нов член на Астон Мартин

Тоа што се најавуваше последните неколку недели, денеска конечно е официјално, Себастијан Фетел од наредната сезона ќе вози за британскиот тим Астон Мартин.

Фетел уште на почетокот од минатиот месец започна преговори со Астон Мартин и договорено е Германецот во 2021 година да вози за британскиот тим но се отвора можност соработката да продолжи.


– Среќен сум што конечно споделувам возбудливи вести за мојата иднина. Горд сум што објавувам дека од 2021 година ќе бидам возач на Астон Мартин. Ова е нова авантура за мене како претставник на легендарниот производител на автомобили. Бев импресиониран од перформансите на тимот оваа година, верувам дека нејзината иднина изгледа уште посветла. Јас сè уште навистина ја сакам Формула 1, мојата мотивација е да се натпреварувам за врвот. Голема чест е да се направи ова со Астон Мартин, изјави Фетел.

Астон Мартин е новото име на тимот на Рејсинг поинт. Тимот ќе започне да настапува под ново име во 2021 година.
Фетел ќе го замени Мексиканецот Серхио Перез, кој ќе го напушти тимот на крајот на сезоната 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот