Официјално: Фернандеш нов играч на Манчестер јунајтед

фото: твитер

Како што и се најавуваше во последните 24 часа, тоа денеска и се потврди од страна на „црвените ѓаволи“ кои се пофалија со ново зимско засилување.

На својот клупски сајт Манчестер јунајтед објави дека е постигнат договор со Спортинг Лисабон за трансфер на Бруно Фернандеш.

Во тек се лекарските прегледи, а после завршувањето на истите се очекува и официјалниот потпис по што клубот од „Олд Трафорд“ ќе сподели повеќе детали околу договорот со 25-годишниот играч од средниот ред.

Според досегашните шпекулации Португалецот се очекува да стави потпис кој ќе важи до лето 2024 година во трансфер вреден 55 милиони евра кои веднаш ќе ги добие екипата од Лисабон, а уште 10 милиони доколку играчите на Оле Гунар Солскјер обезбедат настап во Лигата на шампионите додека Фернандеш настапува за тимот.

Својата кариера ја започна во Новара, па продолжи во Удинезе, беше дел од Сампдорија, а од 2017 година ги бранеше боите на Спортинг со 83 натпревари и 39 голови.

За најдобрата португалска репрезентација има 19 мечеви и два погодоци со која воедно го освои првото издание на УЕФА Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот