Официјално: Федерер ќе го пропушти „Ролан Гарос“

twitter/#AusOpen

Швајцарецот успеа само еднаш да го освои „Ролан Гарос“, а истиот турнир го пропушти уште трипати од 2016 до 2018 година, лани стигна до полуфиналето.

Рожер Федерер во средата имаше артроскопска операција на коленото и токму поради таа повреда ќе го пропушти наредниот грен слем сезонава, „Ролан Гарос“ во Франција (24 мај – 7 јуни 2020).

Многумина ваквата повреда веќе ја дефинираа како крај на кариерата на швајцарскиот тенисер, веќе подолг период го мачи коленото на десната нога и затоа беше принуден да оди на операција во својата држава.

Федерер успеа само еднаш да го освои „Ролан Гарос“, и тоа во 2009 година, а истиот турнир го пропушти уште трипати од 2016 до 2018 година, а лани стигна до полуфиналето.

Лекарите се сигурни дека Швајцарецот ќе се опорави, но ќе мора да ја пропушти целата сезона на земја како и Мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс.

Федерер само кратко порача дека има намера да се врати на „Вимблдон“ (29 јуни – 12 јули 2020).

– Ќе се видиме на трева – вели Швајцарецот кој минатата година загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на „Вимблдон“.

Како што напиша на „Твитер“ неговото десно колено веќе одредено време му прави проблеми и се надеваше дека ќе помине, но…

– Но, после прегледите и разговорите со тимот, се одлучив за операција во Швајцарија. После зафатот лекарите потврдија дека беше право време за операција и воедно рекоа дека имаат добро чувство што се однесува до целосно опоравување. За жал ќе ги пропуштам Дубаи, Индијан Велс, Богота, Мајами и Ролан Гарос. Благодарност за поддршката. Едвај чекам да се вратам, се гледаме на трева – напиша Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот