Официјално: Дејан Блажевски е новиот „лав“!

fkmakedonijagp.mk/

После претходната соработка со екипата на Работнички, Дејан Блажевски (33) носи дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот, информираат од ФК Македонија ЃП.

Летово тимот по подолго време настапи на меѓународната сцена, но брзо беше елиминиран со два порази од ерменскиот претставник Алашкерт во првото квалификациско коло на Лига Европа.

– Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата – се зборовите на Блажевски.

Во својата кариера освен за „романтичарите“, настапувал уште за Пелистер, Агротикос Астерас, Вериа, Пјерикос Катерини, Турново, Хазар Ланкаран, Вардар и Тирана.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува в сабота (10 август) со првите четири натпревари се играат во сабота, а единствено мечот помеѓу Вардар и Македонија ЃП еден ден подоцнав недела од 17.30 часот на теренот на ФФМ, а закажан е и директен пренос на Арена Спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот