Официјално: Челси донесе замена за најскапиот голман на светот

Едуард Менди од денеска и официјално е нов голман на Челси.
Како што објавија „сините“, Менди потпиша петгодишен договор и за позицијата прв голман на Челси ќе се бори со најскапиот голман на светот Кепа Аризабалага и Вили Кабаљеро.
– Возбуден сум што доаѓам во Челси. За мене е остварување на сонот што ќе бидам дел од овој тим и ќе работам со Френк Лампард. Едвај чекам да и приклучам на екипата и новите соиграчи – изјави Менди на промоцијата.
It’s official! Edouard Mendy is a Blue! ✍️?#WelcomeMendy
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 24, 2020
Едуард Менди доаѓа од редовите на францускиот прволигаш Рен, а е петто засилување за Челси ова лето. Претходно на „Стемфорд бриџ“ дојдоа Хаким Зијех од Ајакс, Тимо Вернер од Лајпциг, Бен Чилвел од Лестер, Каи Хаверц од Баер Леверкузен како и Тијаго Силва кој доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.