Буфон си замина, голем трансфер во најава!

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Париските „светци“ и официјално соопштија дека нема да биде продолжена соработката со Буфон чиј договор истекува на 30 јуни 2019 година.

Во сите натпреварувања оваа сезона, чуварот на мрежата за ПСЖ имаше вкупно 25 натпревари, освојувајќи ја титулата во Лига 1 и „Трофејот на Шампионите“.

– Господин во и надвор од теренот, извонреден играч. Му посакуваме сè најдобро во иднина. Чао Џиџи и големо благодарам за сè – гласи пораката на ПСЖ.

Сега ќе биде интересно дали поранешниот голман на Парма и Јувентус има намера да ја заврши кариерата или ќе продолжи со активното играње професионален фудбал.

Воедно ќе видиме и која ќе биде замената за Буфон во ПСЖ, се шпекулира дека во Париз би можел да дојде сегашниот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Геа летово за 60 милиони фунти.

Во најава е уште едно големо заминување од редовите на Тухел, станува збор за Килијан Мбапе. Повеќе прочитајте ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот