Официјално, Бразилецот Маја е нов фудбалер на Барселона

twitter/DiarioAS

Во досегашниот преоден рок нови фудбалери на шпанскиот тим станаа Пјаниќ, Педри и Тринкао, а денеска уште еден потпис.

Каталонскиот клуб го реализираше трансферот на талентираниот Бразилев Густаво Маја од Сао Паоло.

Маја одби да потпише нов договор со Сао Паоло откако на неговиот агент му пристапија луѓето на Барселона по што бразилскиот тим мораше да попушти и да го дозволи трансферот кој беше договорен уште на почетокот од годинава.

Барселона плати 4.5 милиони евра, а Маја потпиша петгодишен договор. Каталонците претходно платија еден милиони евра за да добијат можност први да преговараат, а откупната клаузула за талентираниот напаѓач изнесува 300 милиони евра.

Претходно, на почетокот од летниот преоден рок беше ангажиран и Миралем Пјаниќ во размена со која Артур Мело се пресели во Јувентус, а нови членови на Барселона се и Тринкао кој доаѓа од Брага и Педри кој беше договорен од порано.

Сепак, ова нема да биде се околу засилувањето на тимот, претседателот Хосеп Марија Бертомеу иако претходно изјави дека се откажаа од Лаутаро Мартинез, сега од Каталонија доаѓаат нови вести, тој ќе го чека крајот на преодниот рок за да тргне во нова рунда на преговори со Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот