Официјално: Бразилецот Да Силва во нападот на Шкендија

Фото: kfshkendija.com

24-годишното крило доаѓа во Тетово од Бразил, претходно настапуваше во Европа за Газиантеп и Бурсаспор во Турција.

Шкендија денеска го промовираше бразилскиот напаѓач Игор Вандерсон Да Силва. Тој е крило и ќе биде тоа неговото трето европско искуство.

Потпиша договор на една и пол година со тетовските „црвено-црни“, после напаѓачот Рубин Хебај и голманот Ферат Рамани, Да Силва е третото засилување оваа зима.

Во својата кариера покрај турските клубови Бурсаспор и Газиантеп, на домашно тло беше дел од Агуа Санта и Метрополитано каде што ја започна кариерата.

– Добро е чувството да се биде тука. Сè е ново за мене, учам секој ден за градот, за клубот. Верувам дека моите амбиции се исти како и на клубот. Целта е екипата да биде шампион, добро игра во Европа, и тие се моите цели. Кога понудата дојде, беше како љубов на прв поглед – рече Да Силва по потпишувањето на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот