Официјално: Без навивачи од странство на Олимписките игри во Токио

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонската влада одлучи Олимписките и Параолимписките игри во Токио да се одржат без присуство на навивачи од странство поради загриженост од ширење на коронавирусот.

Според новинската агенција „Киодо“ и свечената церемонија на отворање на Игрите ќе биде одржана без гледачи.
„Организацискиот одбор одлучи дека е неопходно церемонијата да се одржи зад затворени врати, дозвололувајќи само учесниците и лицата со покани да бидат дел од овој настан. Причината за овој чекор е да се избегне метежот кој се создава среде пандемија“, соопшти владата на Јапонија.

Неодамна беше спроведена анкета во Јапонија на која резултатите покажаа дека Јапонците се против одржување на Олимписките игри во Токио бидејќи приливот на туристи од целиот свет може да предизвика ново ширење на коронавирусот. Истражувањето покажа дека 77 проценти од испитаниците се против тоа на странските граѓани да им се дозволи влез во Јапонија, а само 18 проценти се за оваа идеја.

Досега во Јапонија се продадени 900.000 влезници за Олимписките и Параолимписките игри.
Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатото лето, но поради пандемијата на коронавирусот тие се презакажани за оваа година и ќе се одржат од 23 јули до 8. август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот