Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензена и официјално се врати во француската репрезентација пред Европското првенство кое започнува идниот месец.
Бензема во 2015 година буквално беше избркан од репрезентацијата поради скандалотсо Матие Валбуена, во кој имаше дури и уцени. Селекторот Дидие Дешан кој на СП во Русија 2018 година и ја донесе втората светска титула на Франција, во последните неколку години не сакаше да го врати Бензема во репрезентацијата за да не се наруши атмосферата, но одличните игри на напаѓачот го натераа да го промени мислењето.
Весникот „Лекип“ во текот на денот пренесе дека Дешан разговарал со неколку влијателни фудбалски работници меѓу кои бил и Арсен Венгер и сите тие успеале да го убедат селекторот повторно да го повика Бензема.
Les 2️⃣6️⃣ Bleus qui partiront sur les routes de l’Europe ! 🇫🇷 #FiersdetreBleus pic.twitter.com/HfochGPPen
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) May 18, 2021
Со вклучувањето на Бензема во репрезентацијата, селекторот Дидие Дешан ќе има слатки маки во изборот за напаѓачи бидејќи покрај фудбалерот на Реал Мадрид, тука се и Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Оливие Жиру, Осман Дембеле….
Франција се наоѓа на групата на смртта заедно со селекциите на Португалија, Германија и Унгарија. Карим Бензема дебито за „триколорите“ го имаше во 2007 година и досега на 81 натпревар постигна 27 гола за својата репрезентација.
Голмани:
Уго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (О. Марсеј), Мајк Мањан (Лил).
Одбрана: Лео Дубоа (Лион), Бенјамин Павар (Баерн), Курт Зума (Челси), Рафаел Варан (Реал), Клемен Ленгле (Барселона), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Лукас Дињ (Евертон), Лукас Ернандез (Баерн), Жил Кунде (Сњвиља).
Среден ред: Корентин Толисо (Баерн), Нголо Канте (Челси), Пол Погба (Манчестер Јун.), Адриен Рабио (Јувентус), Муса Сисоко (Тотенхем).
Напад: Карим Бензема (Реал), Оливие Жиру (Челси), Килијан Мбапе (ПСЖ), Висам Бен Једер (Монако), Кингсли Коман (Баерн), Осман Дембеле (Барселона), Антоан Гризман (Барселона), Томас Лемар (Атлетико М.), Маркус Турам (Борусија М.).