Официјално: Анчелоти го донесе Алан во Евертон
Бразилецот Алан денеска потпиша тригодишен договор со англискиот премиерлигаш вреден 24 милиони евра.
Алан во синиот дел од Ливерпул доаѓа од Наполи и тоа на инсистирање на тренерто Карло Анчелоти кој одлично ги познава квалитетите на Бразилецот бидејќи го тренираше во италијанскиот тим.
Во меѓувреме, Анчелоти го напушти Наполи и седна на клупата на Евертон со кого ја заврши минатата сезона на 12. позиција на табелата. Летово Анчелоти доби гаранции дека тимот ќе се засили и Алан е првиот чекор кон враќањето на Евертон во горниот дел од табелата.
– Пресреќен сум што потпишав за Евертон. Клубот има голема и богата историја, а тука е и професорот Анчелоти. Среќен сум што денеска сум тука – изјави Алан на официјалната промоција.
? “Allan Marques Loureiro.”
You can call me Al… ?? pic.twitter.com/jVqkShI6Jw
— Everton (@Everton) September 5, 2020
Алан има 29 година и пред Наполи и Евертон играше и за екипите на Удинезе и на Васко де Гама. Откако веќе го донесе Алан во Евертон, Анчелоти во најскоро време треба да добие уште двајца нови фудбалери, Абдулаје Докур и Хамес Родригез.