Официјално: Алаба е нов фудбалер на Реал Мадрид
Како што и се најавуваше во текот на оваа сезона, тоа сега и се оствари, австрискиот репрезентативец Давид Алаба и официјално е нов играч на Реал Мадрид.
28-годишниот играч потпиша договор на пет години, односно ќе го носи дресот на шпанскиот гигант до 2026 година.
„Кралскиот“ клуб додаде уште дека промоцијата на Алаба ќе се случи по завршувањето на Европското првенство. Австрија е првиот противник на Македонија на ЕП, поточно дуелот ќе се игра на 13 јуни во Букурешт.
Алаба досега ги бранеше боите на Баерн Минхен за кој настапуваше од 2011 година, може да игра како лев бек, но и како крило.
Со баварската екипа успеа 10 пати да ја освои Бундеслигата, а двапати Лигата на шампионите во 2013 и 2020 година.
💻 #WelcomeAlaba pic.twitter.com/acS6QDtNkb
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 28, 2021