Официјално: Агуеро ја игра последната сезона во Манчестер сити

Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Иконата на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро ќе го напушти клубот од „Етихад“ на крајот од оваа сезона кога ќе му истече договорот, потврди лидерот во Премиер лигата.

Првиот стрелец во историјата на клубот после 10 години ќе се раздели со „граѓаните“ чиј дрес го облече во летото 2011 година кога дојде од Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот напаѓач освои четири титули со Сити и е на пат да го освои петтиот премиерлигашки трофеј, а покрај тоа петпати го освои Лига купот, трипати Комјунити Шилдс, а еднаш ФА Купот.

За клубот од „Етихад“ постигна досега вкупно 257 голови на 384 натпревари.

Засега не е дефинитивно потврдено во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, но во изминатиот период се шпекулираше дека можно е да се пресели во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот