Официјални препораки за употреба на витамин Д во време на пандемијата

Поврзаноста на витаминот Д и пандемијата предизвикана од ковид-19 сѐ повеќе го привлекува вниманието на стручњаците и јавноста. Резултатите од мултиваријантните анализи покажаа дека лицата со дефицит на витамин Д во времето на тестирањето на ковид-19 имале значително поголем ризик од позитивен резултат од тестот, во споредба со лицата кои имале задоволителни нивоа на витамин Д во моментот на тестирањето.

Ризикот за недостаток на витаминот Д може да го зголемат многу фактори, кои би можеле да бидат поврзани и со ризикот за развој на ковид-19, вклучувајќи ги и возраста, дебелината, дијабетесот и хроничните болести.

Претпоставката дека доволните нивоа на витамин Д може да спречат ковид-19 е поткрепена со резултатите од претходните клинички испитувања кои откриле дека примената на витамин Д кај пациентите со недостаток, може да ја намали зачестеноста на другите вирусни респираторни инфекции, меѓу кои коронавирусите се вообичаени предизвикувачи.

Прочитајте и...  КОВИД-19 амбуланта: Во склоп на КОВИД-19 тест центарот можете да добиете и преглед од лекар

Следејќи ги мерките за јавно здравје, издадени се препораки за заменска примена на витаминот Д од есенва.

Според спомнатите упатства, препорачаната концентрација на витамин Д во крвта кај популацијата треба да изнесува 75 нмол/Л – 125 нмол/Л за оптимална заштита од инфективните болести. Новите препораки наведуваат дека адекватниот статус на витамин Д може да помогне во намалување на ризикот од вирусни епидемии и во одржувањето на имунитетот, мускулната сила и густината на коските, додека ниските концентрации на витаминот Д се поврзуваат со малигните, кардиоваскуларните, автоимуните и невролошките болести, како и со хроничните респираторни болести, дијабетесот и хипертензијата. Токму овие болести се поврзани со најголем број смртни исходи меѓу пациентите со ковид-19.

Прочитајте и...  ФОТО: Уна Чолиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ела Дворник... Погледнете какви ќерки имаат познатите личности од Балканот

Додавањето и следењето на концентрациите на витамин Д во крвта на разните загрозени групи на населението е од особено значење за здравјето на луѓето. Исто така, се препорачува и редовно излегување и активност на отворено, редовно вежбање, правилна и урамнотежена исхрана и од октомври да консумирате додатоци во исхраната со витамин Д во доза од 20 мг (800 ИЈ) дневно, и повеќе.

Иако изложеноста на кожата на сонце е главниот извор на витамин Д во телото, за време на постудениот и мрачен дел од годината потребно е да се обезбеди внесување на витамин Д преку храната и додатоците во исхраната. Бидејќи храната е многу скромен извор на витамин Д, треба да се знае кои прехранбени извори се богати со овој витамин.

Прочитајте и...  Немате 500 евра во џеб, а носите брендирана облека: Марија Шерифовиќ без влакна на јазикот!

Најбогатиот природен извор на витамин Д3 во храната се маслото од црн дроб на бакалар и другите мрсни риби. Храната богата со витамин Д3 ги вклучува рибите (туна, сардини, скуша, бакалар, харинга, лосос), раковите и морските плодови, некои видови печурки, квасецот, говедскиот црн дроб и жолчката од јајце, како и намирниците кои се дополнително збогатени со витаминот Д, како некои видови маргарин.

Поврзани вести

Виц на денот: Географија

Слободен печат

Никој не ја препозна Ријана: Го покри цело лице, но тетоважите ја издадоа!

Слободен Печат

Немате 500 евра во џеб, а носите брендирана облека: Марија Шерифовиќ без влакна на јазикот!

Слободен Печат

ВИДЕО+ФОТО: Бодибилдер се ожени со секс кукла – Се запознале во бар, а после 8 месеци „врска“ ја запросил

Слободен Печат

ФОТО: Уна Чолиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ела Дворник… Погледнете какви ќерки имаат познатите личности од Балканот

Слободен печат

ФОТО: Тамара Тодевска стави нова тетоважа, овојпат не е стих од химната…

Ирена Трајкова

Остави Коментар

MacedonianAlbanian