Официјалната обдукција потврди: Џорџ Флојд починал од срцев застој, имал многу модринки и исеченици

epa08464808 A view of a graffito produced by painter Fouad Hachmi and his crew 'CNN199' paying homage to George Floyd and all the victims of police blunders in Grimbergen, Belgium, 04 June 2020. The artist names of the crew members are EXOM, HMI, AZE, MESK, DOUÉ. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во новиот извештај се наведува дека Флојд имал бројни модринки и исечениците на лицето, главата, устата, рамената, рацете и нозете, но не постои доказ дека било која повреда била смртносна.

Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од застој на срцето, е заклучок на официјалниот патолот на округот Хенепин по завршената обдуквија над Афроамериканецот убиен во текот на приведувањето, за што е обвинет поранешниот полицаец Дерек Шовин, и уште тројца негови колеги кои се товарат за соучесништво и недејстување.

Во извештајот на д-р Ендрју Бејкер стои дека вратот на Флојд бил притиснат кога Шовин со коленото седнал врз жртвата и така ја држел повеќе од осум минути, но во заклучокот не се споменува тоа како директна причина за смртта. Семејството на Флојд финансираше независна обдукција, во која како причина за смртта се наведува „гушење од постојан притисок“.

Во новиот извештај се наведува дека Флојд имал бројни модринки и исечениците на лицето, главата, устата, рамената, рацете и нозете, но не постои доказ дека било која повреда била смртносна.

Во завршната обдукција се наведува дека Флојд бил срцево болен и боледувал од висок притисок, и дека неодамна бил позитивен на коронавирус, но без индикации деак тоа имало било каква улога во неговата смрт.

Привичниот токсиколошки извештај покажал умерено ниво на фенталин и метамфетамини во телото на жртвата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот