Официјално: Жоао Кансело на позајмица во Баерн Минхен

фото: fcbayern.com

Како што и се најавуваше, тоа и се потврди, Баерн го ангажираше Жоао Кансело кој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица од Манчестер сити. Договорот содржи откупна клаузула вредна 70 милиони евра.

Овој португалски 28-годишен бек ја започна професионалната кариера во Бенфика. Пред да го облече дресот на „граѓаните“ во 2019 година, беше дел од Валенсија, Интер и Јувентус.

За Сити запиша 154 настапи и постигна девет голови, двапати ја освои Премиер лигата, еднаш Лига купот, а беше финалист во Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021.

– Баерн е голем клуб, еден од најдобрите во светот, и за мене е огромна мотивација сега да играм покрај овие извонредни играчи во тимот. Знам дека овој клуб, овој тим живее за титули и освојува титули секоја година. Ме води и гладта за успех. Ќе дадам сè од себе за Баерн – вели Кансело за клупскиот сајт.

Bо претходните три сезони беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата на позицијата лев бек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот