Официјално: Витсел нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Аксел Витсел за прв пат во кариерата ќе игра во Ла Лига/фото: EPA-EFE/HO

Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел (33) е првото заслување за Атлетико Мадрид во летниот преоден рок. Искусниот фудбалер од средниот ред со шпанскиот тим потпиша едногодишен договор.

Витсел во Атлетико доаѓа од Борусија Дортмунд како слободен играч на инсистирање на тренерот Диего Симеоне. Тој треба да претставува замена за Ектор Ерера, кој го напушти клубот и замина во МЛС лигата во тимот на Хјустон Динамо.

Витсел кариерата ја започна во Стандард Лиеж, а играше и за Бенфика, Зенит, кинески Тианџин и Борусија Дортмунд, додека за репрезентацијата на Белгија одигра 124 натпревари и постигна два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот