Официјално: Украина сака да биде домаќин на Мундијалот во 2030!

Oлимписки стадион во Киев/фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Тоа што вчера беше најавено од светските медиуми денес доби и официјална потврда – Украина сака да биде дел од организацијата на Мундијалот во 2030.

Украина во овој момент е во воена состојба поради агресијата на Русија, па иако во оваа земја ретко кој размислува за фудбал во овој период, сепак стигна потврдата дека сакаат да бидат вклучени.

Португалија и Шпанија кои од претходно најавија заедничка кандидатура, сега ја вклучуваат и Украина како трет организатор.Информацијата ја потврдија денес лидерите на трите фудбалски федерации.

„Ваквата одлука е логична и природна. Наша чест е да ја вклучиме Украина во нашата кандидатура. УЕФА е веќе информирана и ни даде целосна поддршка. Мораме да дадеме надеж на народот во овзаа земја“, изјави претседателот на фудбалскиот сојуз на Португалија Фернандо Гомеш.

Слична беше и изјавата на првиот човек на шпанската федерација, Луис Рубиалес.

„Сега ова е европска кандидатура. Со овој потег правиме чекор напред“, порача Рубиалес од седиштето на Нион во Швајцарија.

Ќе потсетиме, Светското првенство оваа година ќе започне на 20. ноември и се одржува во Катар, додека домаќини на Мундијалот во 2026 ќе бидат Канада, Мексико и САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот