Официјално: УЕФА отвори истрага против Барселона

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Случајот „Негреира“ кој го отвори Обвинителството во Шпанија против Барселона и официјално се пренесе во УЕФА.

УЕФА отвори истрага поради договорот кој Барселона го плаќала Енрикез Негреира додека бил потпретседател на судиската организација. Истрагата на Европската куќа на фудбалот е отворена по членот 31 и точката 4 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА.

Именувани се инспектори кои ќе спроведат истрага за потенцијално кршење на правилата поставени од УЕФА.

Првата фаза која ќе следи во истрага е собирање на релевентни податоци и сослушување на обвинети и сведоци. Засега не познато колку време може да трае целиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот