ОФИЦИЈАЛНО: Светислав Пешиќ е нов селектор на Србија

Пешиќ по 19 години се враќа селекторската функција/ фото. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Легендарниот тренер Сетислав Пешиќ е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, потврди, кошаркарската федерација на Србија. Пешиќ се враќа на селекторската функција по 19 години, а во првиот мандат во 2001 и 2002 година стана европски и светски шампион.

Пешиќ доаѓа на местото на Игор Кокошков кој пред две недели и официјално го раскина договорот со репрезентацијата на Србија, а главна причина е неуспехот на квалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Токио, кој се играше во Белград.

Србија во финалето на турнирот загуби од Италија по што остана без пласман во Токио.
Пешиќ со селецијата на СР Југославија во 2002 година стана светски шампион, додека една година порано ја освои и европската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот