Официјално: Стив Клифорд нов тренер на Шарлот хорнетс

Стив Клифорд се враќа на клупата на Хорнетси/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

НБА клубот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е Мајкл Џордан, во петокот објави дека тренерот Стив Клифорд (60) се враќа на својата клупа.

– Возбудени сме што Стив повторно е со нас. Сметаме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобар тренер на нашиот тим – рече претседателот на Шарлот, Мич Купчак.

Клифорд беше тренер на Хорнетс од 2013 до 2018 година пред да го преземе Орландо меџик на три години.

Шарлот, кој веќе шеста сезона во низа не се квалификува во плејофот во НБА лигата, ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кој ја напушти клупата во средината на април.

Сезонава Хорнетси беа убедливо елиминирани од Атланта (132:103) во плеј-ин фазата за пласман во плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот