Официјално: Санчо е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Како што и се најавуваше многу пати во изминатиот период, денеска и официјално го имаме најголемиот трансфер ова лето, Џејдон Санчо од следната сезона ќе ги брани боите на Манчестер јунајтед.

Англискиот крилен напаѓач кој досега ги бранеше боите на Борусија Дортмунд, со „црвените ѓаволи“ потпиша договор до 2026 година.

Беше дел од младинската школа на Манчестер сити, но уште од претходно беше во академијата на Манчестер јунајтед.

За „милионерите“ играше од 2017 година со кои минатата сезона го освои германскиот Куп, а во 2019 година и националниот Суперкуп.

Севкупно за германскиот клуб имаше вкупно 104 настапи и постигнати 38 голови. Не е познато колку вреди овој трансфер на Санчо во Јунајтед, но се проценува околу 90 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот