Официјално: Салах потпиша нов договор со Ливерпул

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Сите шпекулации завршија, Мохамед Салах останува во Ливерпул. Египќанецот потпиша нов договор кој ќе трае до јули 2025 година.

– Ливерпул со големо задоволство потврди дека Мохамед Салах потпиша нов долгорочен договор со клубот – соопштија од Енфилд.

Напаѓачот беше избран за играч на сезоната во Премиер лигата, а воедно беше најдобар во изборот на новинарите.

Салах е пет години во Ливерпул. За тоа време одигра 254 натпревари и постигна 156 голови.

– Се чувствувам одлично и среќно, со нетрпение очекувам да освојам нови трофеи. Ова е среќен ден за сите. Ни требаше малку време, но сега сè е готово и можеме да се фокусираме на она што следува. Сите видовте во претходните години дека овој тим само напредуваше. Минатата сезона бевме блиску до освојување на четири пехари, но за жал во последната недела од сезоната загубивме два. Мислам дека сме во добра позиција, имаме и нови играчи. Треба само да продолжиме да работиме напорно, да имаме добра визија и да бидеме позитивни – рече Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот