Официјално: Партизан во следната сезона ќе игра во Евролигата

Партизан /Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Екипите на Партизан и на Валенсија во следната сезона ќе играат во Евролигата откако на седницата Бордот на елитното натпреварување е одлучено овие две екипи да добијат специјални покани.

Партизан и Валенсија биле единствени екипи што аплицирале за специјална покана, па на седницата на Бордот било донесена едногласна одлука тие во следната сезона да бидат дел од Евролигата.

Пред да им дадат зелено светло за настап во елитното натпреварување, Бордот на Евролигата со мнозинство од гласовите одлучи екипите на ЦСКА Москва и Зенит да бидат исклучени од натпреварувањето поради руската инвазија врз Украина.

Со ова познати се сите екипи што ќе играат во Евролигата следната сезона, десет се екипите основачи (Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Анадолу Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Олимпија Милано, Панатинаикос, Макаби и Жалгирис), три екипи се со долгогодишна лиценца (Баерн, Алба, Асвел), победникот во Еврокупот (Виртус) како и Монако кој со пласманот во плеј-офот го задржа местото во Евролигата, шампионот на АБА лигата (Црвена звезда) и двете екипи што добија специјална покана (Партизан и Валенсија).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот